2011/12/19

Patekite na mojot raboten vek


Моето работно место 

Во тмурно јануарско утро 2011 година се роди идејата за овој запис.


Овој текст им го посветувам на моите сакани ќерки за да се сеќаваат на мене, со надеж дека ќе измамам насмевка на нивните лица, тогаш кога веќе нема да уживам во нивното друштво.

20-ти јануари 2011, ден после Водици, се возам со 24-ка по кој знае кој илјадити пат кон работа...

Никогаш не сум брзала да стасам na работа, а секогаш сум стасувала навреме.

И тогаш кога во темните утра во 5 часот се возев со 2-ката до Автокоманда и сега кога одам so 24-ка до центарот на Скопје. Тогаш беше прерано за 30-годишна мајка на две мали деца да се стаса во 6,30 дури до Автокоманда, а сега на работа може да се дојде и во 9 часот, но тоа веќе не е важно кога и онака  раното будење е моја специјалност.

Не ја сакам мојата работа и никогаш не сум ја сакала. Таква безлична работа и не може да се сака. Таква работа треба да ја работaт роботи  кои не знаат  да љубaт освен ако не sе програмирани. А јас бев програмирана да работам било што за да може да заработам плата, која ќе придонесе за поубав живот на моето семејство.

Во таа далечна 1973 година кога се вработив, мислев тоа да биде привремено до завршувањето на студиите. Со платата во џеб помислив дека ќе бидам независна, самостојна и современа млада девојка која студира и работи истовремено, но не беше баш така...

Најголемата придобивка од моето вработување беше  средбата со вашиот татко.
За време на работа или поточно за време на неработа, во деновите на социјализмот кога моравме да дежураме на работните места, започна и нашата врска. Но тато во друга приказна, оваа е за работата...

Пролет 2011 и јас на 1-ви април наполнив 38 години работен стаж. Ако оваа бројка ја помножите со 330 денови (35 денови одбив за одмор) ке видите дека се тоа преку 12 илјади денови, или преку 100 000 работни часови.... досадна администартивна работа.

Мојата голема желба беше да станам наставник, професор, работа со деца беше она сто го посакував... Работа во која се даваш себеси, ја покажуваш креативноста која децата ја паметат и имаат корист од неа..  Но желбите се едно а животот сосема друга приказна.

Мојата работа беше разновидна во поглед на документите со кои работев, тоа беа патни пресметки, сметки, плати, деловодни книги, писма...  единствената убавина која се провлекуваше меѓу сите тие хартии беa секако луѓето !

Во мојот работен век имав прекрасни колеги, многу од нив беа  и останаа вистински пријатели. Во фирмата, во годините на југословенсаката држава  живеевме како сложно семејство, но како што тоа често е случај, се што е убаво не трае долго ....

Крајот на сложното семејство во фирмата, најмногу од се го прекрати катастрофалната приватизација... нo тoa пaк e другa приказна...


Деновиве ги гледам околу мене сегашните колеги, се млади деца како моите керки ....
Полни со енергија, полни со желба за работа а времињата се се потешки и потешки ....

Кога и како тие ќе го завршат работниот век, кога ке успеат да се изборат со сите ветерници што надвиснале над нивниот пат кон заслужен крај на работниот век ...

Записот го завршувам и обајвувам во месец декември 2011, поточно 25-ти декември е мојот последен работен ден.
Не одам во пензија туку во Агенција за вработување се до пензионирање.... ете и на мојот пат една ветерница ...

И каква ли случајност, денот 25-ти е недела и голем католички празник - Божиќ.
замислете си уште да е бел, се да е под бела снежна покривка.... а јас последен пат на работа по цели 38 години и 9 месеци - мислам сосема доволно, нели?